Демократската партија на Турците на Македонија преку соопштение укажува на потребата МВР заедно со Обвинителството и судските органи преку постпака која ќе биде јавна и отворена за домашната и меѓународната јавност и со почитување на највиските меѓународни стандарди да ги изнесе сите аргументи и факти во врска со најавите на лидерот на СДСМ за пласирање снимени телефонски разговори, документи и друг вид материјал за наводно криминалните активности на актуелната власт, на високи државни функционери и бројни политичари носители на јавни функции добиени од една странска служба.
– Со оглед на фактот дека се работи за тешки обвинувања ДПТМ очекува лидерот на СДСМ што поскоро да ги објави информациите со кои располага и кои ги најавува веќе подолг период, а од судските органи бара одговорен и професионален однос без подлегнување на какви било притисоци – се вели во соопштението од партијата по повод обраќањето на премиерот Никола Груевски за уцените и заканите од лидерот на СДСМ со цел издејсвување техничка влада и предвремени избори.
Од партијата, воедно, потсетуваат дека волјата на народот е највисок демократски принцип и секој оби за суспендирање на народаната волја со уцени и закани е неприфатлив и штетен за демократијата во Македонија. Очекуваат одговорен однос на сите политички партии во Македонија, избегнување на конфликтни ситуации, улична демократија и што поскоро обновување на дијалогот како единствен начин за решавање на спорните прашања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



