| четврток, 6 декември 2018 |

Унија на средношколци: Професори, наша обврска е да учиме, а Ваша да нè научите

mladi tinejdzeri srednoskolci

-Денешната одлука за штрајк нè затекна на училиште каде што согласно со распоредот на часови следевме настава. Ние сме ученици и наша обврска е да учиме, а Ваша да нè научите – стои во соопштението испратено од Унијата на средношколци.

Тие додаваат:

Ние не го оспоруваме вашето право на штрајк, но истовремено бараме од вас наставата да продолжи затоа што не сме подготвени изгубените часови да ги надополнуваме за време на викенди или најлошо е за нас доколку во целост ги изгубиме. Учениците од четврта година треба да се подготвуваат за државната матура која ги очекува и секој изгубен час сериозно ќе влијае на сите нас. Ве повикуваме да ја продолжите наставата со цел наставниот процес, како и досега, да се одвива без проблеми и политички влијанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top