| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични против петмина навивачи од „Фемили“

СВР Скопје поднесена кривична пријава за Д.Т.(25), М.П.(22), А.Т.(21), К.Ј.(23) и за Љ.Н.(20), сите од Скопје, поради насилство на спортски натпревар.

Пред почетокот на натпреварот МЗТ-Партизан, кој се одигра на 31 јануари, во 20.10 часот непосредно при влегувањето во спортскиот центар „Јане Сандански“, навивачи на навивачката група „Фемили“ почнале да фрлаат со тврди предмети и камења кон навивачката група „Гробари“.

Тие се обиделе да го пробијат поставениот полициски кордон со што повредиле двајца полициски службеници, оштетиле едно полициско возило и искршиле едно прозорско стакло од спортскиот центар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top