| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска во Скопје првата аудиција за „Икс-фактор“

Во салите на „Синеплекс“ во „Ситимол“ денеска почнуваат првите прелиминации за втората сезона на блакнаското музичко шоу „Икс-фактор“. Потрагата по нови таленти започнува во Скопје во чест на мантогодишниот победник Даниел Кајмакоски.

Кандидатите имаа можност да се пријават за аудиции во изминатите неколку месеци, а изборот за тоа кои Македонци ќе продолжат на аудициите во Белград ќе трае и утре.

Засега кандидатите ќе се претстават пред членовите на продукцијата, а тие што ќе го поминат овој круг одат понатаму со аудициите пред публика и пред стручното четиричлено жири, кое сѐ уште не е познато.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top