| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку пет лица загинаа во невремето и поплавите во Бугарија

Во невремето и поплавите во Бугарија загинаа пет лица, меѓу кои и едно дете, а по една триесетгодишна жена сè уште се трага, соопштија локалните власти.

Спасувачките екипи ги пронашле телата на деветгодишно дете и на неговиот татко, кои се удавиле во селото Илинденци, соопшти Полициската управа во Благоевград.

Една жена загинала кога врз нејзиниот автомобил во движење паднало дрво, кое го соборило силен ветер, соопшти полицијата во градот Русе.

И натаму се трага по триесетгодишна жена во градот Петрич, на југозападот на Бугарија, како и по брачна двојка, чијшто џип слета од патот во река во центарот на Девин.

Многу општини се во критична ситуација по обилните дождови, а во одбрана на Смољане, каде ситуацијата е најтешка, ангажирана е и војската.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top