Градот Кичево од 14 часот вчера има напојување со електрична енергија. Околните населени места имаат проблеми со снабдувањето. Дефектот настанал на 110 киловатниот далековод на МЕПСО од РЕК Осломеј кон Кичево и од Сопотница кон Кичево. Екипите на МЕПСО и на ЕВН заеднички работеа за да се најде решение за градот да се снабдува со електрична енергија.
– ЕВН во поголемиот дел од градот го презема на својата мрежа и прави напори и околните населени места да ги префрли додека да се надмине дефектот со 110 киловатниот далновод – велат од ЕВН Македонија.
Вчера во Кичево беше вицепремиерот Владимир Пешевски, првиот човек на АД МЕПСО Синиша Спасов и Игор Гиевски, член на управниот одбор на ЕВН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.