| четврток, 6 декември 2018 |

Брегалница не ги загрози градските зони во Штип, поплави во Чешиново-Облешево

bregalnica5000Untitled-2-720x340Надојдената вода во реката Брегалница ноќеска помина низ Штип без посеризно да го загрози градското подрачје. Реката се излеа на повеќе места во Чешиново-Облешево, каде што поплави земјоделски површини, пренесува МИА.
Поради прелевање на најголемата вештачка акумулација во источна Македонија – „Калиманци“, се зголеми нивото на водата во реката и се очекуваше до раните утрински часови да го достигне својот врв.

Кризниот штаб за справување со кризи синоќа беше во штипското подрачје и беа преземени сите неопходни мерки за да се спречат посериозни последици.

Во источна Македонија беше прогласена вонредна состојба, а беше побарана и итна евакуација на населението кое живеее во близина на корито на Брегалница, почнувајќи од виничкото село Истибања, Кочани, Чешиново-Облешево и Штип.

Поради ситуацијата во источна Македонија, денеска во Скопје состанок ќе одржи Координативното тело за справување со кризи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top