Како што беше најавено, вториот бран врнежи од оваа циклонска активност беше поинтензивен од првиот. Резултатот беше во граници на прогнозираните количини на воден талог. Единствено може да се каже дека снегот на некои пониски места не беше сосема очекуван, но, сепак, беше повеќе од добредојден бидејќи на овој начин се спречи наглиот раст на водотеците. Метеопро ја објави вкупната количина воден талог и снежна покривка што ги измери УХМР во изминатите 36 часа.
МЕСТО | Измерена количина воден талог (l/m²)30 јан,19:00-01 феб 07:00 (УХМР) |
---|---|
Крушево | 80 (51 cm снег) |
Охрид | 78 (11 cm снег) |
Прилеп | 66 (5 cm снег) |
Претор | 63 (11 cm снег) |
Битола | 60 (2 cm снег) |
Скопје (Зајчев Рид) | 58 (5 cm снег) |
Пожаране | 54 (21 cm снег) |
Тополчани | 51 (45 cm снег) |
Маврово | 49 (59 cm снег) |
Пожар | 45 |
Тетово | 44 (10 cm снег) |
Штип | 44 |
Гевгелија | 42 |
Дојран | 40 |
Берово | 39 |
Струмица | 38 |
Крива Паланка | 36 |
Куманово | 31 |
Виница | 31 |
Ѓуриште | 23 (10 cm снег) |
Петровец | 21 |
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.