Град Скопје синоќа испрати тим лица, техничка помош и механизација за соочување со поплавите во источна Македонија.
Испратени се три цистерни за влечење на вода од ЈП „Водовод и канализација“ и ЈП „Комунална хигиена“, едно противпожарно возило опремено со моќна пумпа за испумпување на вода, две моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода, чамец со мотор, како и 10.000 вреќи со песок.
Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е и екипа од пет пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, како и поголем број лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија.
Штабот за заштита и спасување на Град Скопје информира дека ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст