| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерта носи нов снег

dozd sneg

Понеделник на самиот почеток на денот, во раните утрински часови, носи нови, но сосема слаби, локални и повремени врнежи од дожд, а на планините снег. Во текот на денот речиси не се очекуваат врнежи , но затоа вечерта носи еден сосема мал и слаб бран од врнежи, но овој пат од снег и на пониските места, особено во западниот и во северниот крај.
Според прогнозата на „Метеопро“, минималната температура ќе има вредност -1 Целзиусов степен низ поголем дел од населените места, a минимална до 2 Целзиусови степена се очекува во гевгелиско – дојранскиот крај. Максималната температура ќе има вредност 5 Целзиусови степена низ котлините во земјава. Во јужниот дел на земјава максималната ќе достигне вредност 7 Целзиусови степена. На повисоките места во западниот дел од земјата ќе достигне вредност  -1 Целзиусов степен, а во источниот крај 3 Целзиусови степена.

Во Скопската Котлина рано наутро се можни повремени врнежи. Во текот на денот ќе имаме променливо време, без поголеми услови за врнежи, додека вечер повторно е можен сосема слаб дожд и снег. Минималната температура ќе има вредност -1 Целзиусов степен. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност до 5 Целзиусови степена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top