Голманот на Франција Тјери Омејер е избран за најкорисен играч на мундијалот во Катар, кој заврши со триумф на Франција. Омејер бранеше извонредно во клучните мечеви, во завршницата и заслужено е број 1 на турнирот. Тој е предводник и на дрим-тимот на СП, а во него имаше место за двајца Французи и Катарци и по еден Словенец, Полјак и Шпанец.
Еве го идеалниот тим на шампионатот:
Голман: Тјери Омејер (Франција)
Лево крило: Валеро Ривера (Шпанија)
Десно крило: Драган Гајиќ (Словенија)
Пикер: Бартош Јурецки (Полска)
Лев бек: Рафаел Капоте (Катар)
Среден бек: Никола Карабатиќ
Десен бек: Жарко Марковиќ (Катар)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



