| четврток, 6 декември 2018 |

Латас: Заев го пуштаат низ вода

latas500Кога сакаш да одиграш за крупен играч како што е странска разузнавачка служба или се обидеш да собориш премиер треба да бидеш малку подисциплиниран и да следиш што значи тоа, посочи уредникот на телевизија „Сител“ Драган Павловиќ-Латас во емисијата „Акцент“ на јавниот сервис. Тој нагласи дека за такви информации треба странска агенција да направи експертиза на автентичноста.

– Тој доаѓајќи од Струмица накај Скопје разбрал дека е длабоко заглавен, не би сакал да сум во кожа на Зоран Заев бидејќи околу него стојат луѓе што ние не ги гледаме малку пошироко, кои едвај чекаат да се тргне Заев, кои ќе го пуштат низ вода и веќе од понеделник ги гледаш во полиција како се нудат да дадат информации сами и тоа не само за да се спасат туку за да го тргнат Заев од себе бидејќи тој има документи и за нив, и за Шекеринска и за другите соработници, не може да има селективно документи – истакна Латас.

Тој праша каква слобода им нуди Заев на граѓаните, дали е тоа слобода во која ги прислушува телефонските разговори со нивните соработници и семејства.

– Заев не ја спроведе постапката, тоа значи дека го прецениле тие кои му ги дале материјалите, кои се создадени од стручна служба – смета Латас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top