| четврток, 6 декември 2018 |

Мирка Велиновска: Груевски јасно покажа дека не прифаќа уцени

gruevski press 2 (Custom)
Груевски прати јасна порака дека нема да дозволи да биде уценуван и дека нема да паѓа на местенки, вели новинарката Мирка Велиновска во вечерашното гостување во емисијата „Акцент“.
Велиновска оценува дека ова е вторпат Груевски вака да настапува, првиот пат било кога ја поднесе тужбата во меѓународниот суд во Хаг.

-Тогаш тој на дело историски докажа дека не постои меѓународно право. Ние по меѓународно право ја добивме, судот ја наложи, Совет за безбедност не ја спроведе. Имаш доказ за правните факултети и студентите по 100 години да учат, изјави Велиновска.

Таа додава дека ова е вторпат каде што Груевски ја фрла ракавицата.

– Сега јас ти го преведувам тоа што го гледав од неговата изјава. До овде ми е да ме уценувате, да ме притискате. Знаеш ли колку пати се обидоа атентат да му направат, знаеш ли какви закани директни по живот и негов и на семејството му се упатувани, од сериозните држави, партнери на Македонија, никој од нас не знае. Ова во цел свет се случува и човекот ја прати пораката, нема да ме уценувате, не паѓам на местенки, не сме Македончиња што не’ знаете од Балканските војни, рече Велиновска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top