Лидерот на СДСД, Зoран Заев, толку време калкулираше со активирањето на бомбата и првичната реакција на сите беше дека таа му експлодирала в џеб. Јас тоа сум го пишувал многу порано. На таа бомба ѝ е поминато времето за употреба и долгото држење на крај ќе го растури СДСМ, а не да ја растури Владата, тоа е пишувано во октомври лани, смета уредникот на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас.
– Овде има работи кои се дискутабилни и кои не се. Значи тотално е недискутабилно дали имаме обид за државен преврат, имаме. И тоа е последен обид во низата. Јас не би одел многу назад, значи ние имаме обид за насилен влез во Собрание, што, исто така, е обид за преземање на власта без избори. Имаме бојкот на избори доколку не се организира техничка влада, што исто така техничка влада не е законска обврска за да учествувате на избори и евентуално ги добиете и сега го имаме ова што го имаме – вели Латас.
Тој додава дека уцената со вакви материјали кај новинарите е честа појава, речиси секој висок функционер, повеќето од нив кои биле на некоја важна функција во МВР, носи со себе некои материјали, ги копира, ги монтира, ги употребува за дневнополитички потреби.
– Ништо ново не се случува со Заев, само зачудува нивото на бескрупулозност, лекомисленост, на наивност со кои се обидел да го направи тоа што го направил. Никаде во светот, ни во Јужна Африка, ни во Америка, ни Русија, не доаѓа кандидат кој треба да ти ја преземе власта, да ти каже и тоа во неколку наврати, не е тоа еден разговор тоа се најмалку 4. Јас имам материјали за тебе, аудиоснимки од телефонски разговори, ќе ги објавам ако не се повлечеш, односно ми дадеш власт без избори преку техничка влада – вели Латас.
Тој додава:
Во моментов Зоран Заев и СДСМ не се сериозна политичка закана на ВМРО-ДПМНЕ. Десет години не се, ниту ќе бидат сериозен политички фактор, немаат нови ресури, идеи и луѓе. Ако Македонија има само две точки кои некој од страна сака да ги добие, а Македонија не е подготвена да ги даде, уставно име и федерализација на албански и македонски дел, тие избрале име. Тоа име не може да го победи Груевски, па дури и да има ефект оваа бомба. Заев пак ќе изгуби. Снимени телефонски разговори сигурно нема да променат гласачко тело. Што се случува? Дестабилизација. Во дестабилизација никој не е доволно јак да владее стабилно и авторитетно за Гркот, Турчин или некој трет да има преговарач со кој мора да има разговара и ќе мора да го убеди. Имаш дестабилизација, еден надвладува, па друг, немаш еден кој е јак. Тогаш се уфрла албанскиот фактор ти вика „вие сте лудаци, немаме ништо со вас, ние се делиме, бар нашиот дел од таа контаминација да го заштитиме“. Заев е во тешка позивија. Тој што од него го нарачал тоа, крева раце. Не му треба, може да му наштети. Партијата веќе има штета од него, никој на ниедни избори не може да го испере од ова. Има околу него многу луѓе кои биле исплашени од истите телефонски разговори, биле плашени со месеци и едвај чекаат да си оди. Нема јавна поддршка затоа што секој граѓанин знае или претпоставува дека има негови приватни или бизнис контакти кај СДСМ во каса. Односно кај Заев. Ако СДСМ кренат галама и да ги лиферуваат сите овие разговори, кој се најде, најде. Ќе почнат тужби, омраза кон СДСМ, ќе дојдат судења. Е сега веќе нема телефонски разговори. Има суд и експерти. Судот проценува.СДСМ ќе исчезне. Заев е сега сам. Наскоро фамилијата ќе го напушти. Сите ќе се дистанцираат од него – не знаев, нас не плашеше… А објавените работи нема да биде државен удар туку самоубиство на една партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.