Сите граѓани се ставени во филмот и приказната на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Да не ги заборавиме неприфаќањето на мандатите и изборните резултати, без да посочат каде имало нерегуларности. На тој начин удрија шамар на своите избирачи, а и на сите граѓани без разлика дали биле на избори. Ги ставија сите граѓани во заложништво. Овие работи кои и се случуваат на Македонија ќе ни го нарушат угледот, имиџот на државата и ќе ја дестабилизираат политички. Наместо сега да се занимава Владата со привлекување на странски инвестиции , ќе се занимава со вакви сценарија и политички притисоци – вели универзитетската професорка Тања Каракамишева-Јовановска, во вечерашното гостување во емисијата „Акцент“ на МТВ.
Таа смета дека ова е создадено поради несериозност на некои политичари, заради нивната политичка неписменост.
-Очигледно Заев и немал некој политички аналитичар кој ќе го советува, ќе му даде пример како се објавуваат вакви работи, доколку сакал да обелодени некакви криминали. Судска разврска ќе има. Она што ние не можеме да го заборавиме е дека црното мастило е фрлено врз сите, без разлика дали сме граѓани што ја поддржуваат или не ја поддржуваат власта. Сите сме ставени во ист казан и сите ќе си ја сркаме истата чорба. Во политиката има многу луѓе кои се на повисоко ниво на политичка култура, но избрана е одредена гарнитура во опозицијата која не може да се носи со улогата што ја има – додава таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.