
Излеани реки, поплавени куќи и земјоделски површини, евакуирани цели семeјства. Ова е сликата за јужниот дел на Албанија, каде поради обилните и интензивни врнежи од дожд под вода е речиси целиот јужен дел. Шемси Пренчи, шеф на Кризниот штаб потврди дека состојбата е навистина критична, јави дописникот на МИА од Тирана. Од коритото се излеани реките Вјоса, Дрино, Осум и Ѓаница, и поплавија цели подрачја во Валона, Ѓирокастро, Тепелена, Пермет и Фиер. Во општина Новосело и Берат евакуирани се стотина семејства, а ќе бидат евакуирани уште толку со полициски хеликоптери, објави онлајн изданието на весникот „Шекули“. Поплавени се над 500 хектари земјоделски површини и неколку стотина куќи, има непроодни локални патни правци, големи подрачја се без електрична енергија од синоќа. Поради снегот пак проблеми има во одвивањето на патниот особраќај на национланиот пат КорчаЌаф ЌарВоскопокаДард, како и на граничните премини Горица и Ќафасан, на албанскомакедонската граница. Проблеми снегот содададе и во подрачјето на Голо Брдо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Силно невреме ја зафати Црна Гора: Поплавени улиците, отежнат сообраќајот (видео)
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија


