Хрватската Влада од утре го отпишува долгот на 60.000 најсиромашни граѓани, а властите се надеваат дека ваквата одлука ќе има позитивен ефект на економијата.
Иако станува збор за помалку од еден отсто од вкупниот долг, се очекува долгорочните последици да бидат добри.
Одлуката за простување на долгот беше донесена на 15 јануари, а стапува во сила на 2 февруари, кога кандидатите за простување на долгот ќе почнат да ги предаваат апликациите. Предвид ќе бидат земени граѓани кои немаат сопствена заштеда, ниту поседуваат нешто на свое име. Исто така, кандидатите не смеат на државата да и должат повеќе од 4.500 евра, а нивниот месечен приход не смее да биде поголем од 122 евра.
На тој начин, според предвидувањата, ќе бидат отпишани 27 милиони евра долг кон државните банки, компании, градски и општествени управи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


