Министерството за надворешни работи на Руската Федерација изрази надеж дека ќе биде спроведена детална истрага по повод неуспешниот обид за државен удар во Македонија, во кој се вмешани странски специјални служби и воедно ја потенцира важноста од усвојување на документ во ОБСЕ за недозволивост на противуставни преврати.
– Се надеваме на спроведување детална истрага на настаните, а во интерес на обезбедување стабилност и безбедност во Македонија. Ги повикуваме сите политички сили во оваа земја да работат во рамки на уставните демократски институции и да ги решаваат проблемите по пат на дијалог, се наведува во соопштението од Министерството.
Уште еднаш се потврди актуелноста на рускиот предлог во ОБСЕ да се усвои документ за недозволивост на противуставни државни преврати, нагласуваат во рускиот дипломатски ресор, пренесува Гласот на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


