Не им се погоди на фаворитите 21-та рунда во Серија А, а изненадувачките резултати ги најави Емполи со реми 1-1 против Рома, за потоа Сасуоло да го победи Интер со 3-1, Чезена да освои три бода со триумф од 2-1 против Лацио и Удинезе да го задржи лидерот Јувентус со нерешен резултат без голови.
Од водечкиот секстет во 21. коло победи само Наполи со 2-1 на гости кај Киево. Загуби и Самдпорија убедливо со 1-5 од Торино во меч во кој Квалјарела постигна хет-трик, а и Фиорентина беше стопирана во Џенова, со нерешен резултат 1-1. Аталанта и Палермо славеа со 2-1 против Калјари, односно Верона, а колото со многу изненадувања ќе го комплетираат Милан и Парма, со натпревар закажан за денеска од 20,45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



