| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ги посети најкритичните подрачја во штипско

Во придружба на Министерот за транспорт Миле Јанакиески кој со градоначалниците од регионот и кризниот штаб оддржа состанок, тие беа во посета на Ново Село и штипско директно да се запознаат со состојбата на терен по излевањето на браната Калиманци, во очекување на бран кој ќе ја излее река Брегалница, по што се упатија на лице место да ја соогледнаат состојбата и во општинта Чешиново-Облешево.

4stip500

И понатаму критчни точки се во Чардаклија, Караорман, 8.ми ноември и Ново Село. Во штипско Ново Село, работат екипи на јавните претпријатија, на АРМ и полицијата како и бројни граѓани кои дојдоа да полнат вреќи со песок за да се заштитта од бранот. Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев ги повика сите граѓани, претставници на НВО секторот, на разни здруженија, на политички партии, без оглед дали се власт или опозиција, млади или стари, да излезат и да помогнат во справувањето со бранот.

2stip500

Увид во состојбите во реоните погодени од обилните врнежи на терен извршија и останатите владини функционери. Заменик-министерот за економија Христијан Делев го посети струмичко Василево заедно со пратеникот Васил Пешев и Ромео Тренов, а минситерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков ена терен во Новаци. На терен е и вицепремиерот Владимир Пешевски, кој заедно со членот на Управниот Одбор на ЕВН Македонија Игор Гиевски и директорот на МЕПСО Синиша Спасов е во посета кичевско-дебарскиот регион.

1stip500

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top