Експертите кои се упатени во случаи на обид за државен удар сметаат дека случајот „Пуч“ во кој е обвинет и лидерот на опозицијата Зоран Заев е невиден скандал. Тие сметаат дека е недозволиво и скандалозно било кој македонски граѓанин да учествува во вакви активности или да соработува со странски служби, а најмалку човек кој претендира да биде на чело на државата.
Странските служби го познаваат профилот на Зоран Заев, знаат дека е аболициран за криминал и дека неговото име се поврзува со матни зделки и тендери по семејно сродство. На сите им се познати и неговите лабилни ставови како што се на пример неговите изјави дека „Мора да свиткаме кичма за името”, познато е и дека Заев не држи до вистината, па затоа експертите велат дека не случајно е избран токму тој од страна на странските разузнавачки служби за оставрување на нивните намери за дестабилизирање на земјата.
Според „Дневник“, за Зоран Заев е познато дека јасно изјави дека Македонија треба да ја свитка кичмата. Странските служби знаат дека станува збор за корумпиран политичар, аболициран од неговиот претходник Црвенковски. Далеку се познати податоците дека Заев е лаком за пари, дека им додели тендери со високи суми на речиси сите негови најблиски роднини. Затоа странските разузнавачки служби во Заев видоа лесен плен. Тие лидерот на СДСМ го знаат како човек кој со години бил во сенка и сега стана алчен за власт, но знаат и дека Заев е богат човек и дека заедно со неговото семејство тежи цели 12 милиони евра.
И експертите се согласни дека ова е голем скандал, а ситуацијата е застрашувачка поради фактот што лидерот на опозицијата е вмешан во сево ова.
-Тое е невиден скандал, можеби еднаков на Вотергејт скандалот во Америка или на некои други скандали кои се случувале во светот, лидер на една опозициона партија кој претендира да биде премиер соработува со странски разузнавачки служби. Уште поголем скандал е што тоа јавно го изјави и потврди дека тоа е така и дека работи со нив и тие му даваат информации или можеби да ја свртиме сликата и да кажеме дека и блиски негови луѓе и соработници давле информации на странските разузнавачки служби. По самата дефениција соработката со странските разузнавачки служби е скандалозна за било кој граѓанин на една држава кој се чувствува патриот, а камоли за некој кој очекува утре да биде на чело на државата. Самата оваа ситуација е застрашувачка, рече во изјава за “Курир“ доцент Оливер Андонов, доктор по мир и развој на МИТ Универзитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.