| четврток, 6 декември 2018 |

Дали Зоран Заев соработувал со странски служби?

Скандалот кој од вчера ја окупира македонската јавност, но соодветно внимание и дадоа и странските држави и медиуми, во средиштето го има лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Заев е осомничен за учество во шпиунажа за странски служби и структури, и според информациите кои досега беа изнесени во јавноста, тој заедно со поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и неговата сопруга  се вклучени во шпионската за шпинурање.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во домот на поранешниот контраразузнавач нашле голем број материјали, прислушкувани фајлови, комуникации на јавни личности, политичари….од кои еден дел имаат класифицирана природа и со нив се руши уставниот и правниот поредок на државата.

Овие материјалите и комуникациите, обвинетите ги обезбедиле од странски служби со кои Заев остварувал комуникација и соработка, а имал намера да реализира на пуч и државен удар со цел да дојде на власт без почитување на демократските процедури.

Врската меѓу Заев и разузнувачот Верушевски во комуникацијата ја одржувал најблискиот соработник и човек од доверба на Заев, кој е директор на јавното комунално претпријатие во Струмица, Бранко Палифров. Тој во истрагата е осомничен за помагање на делото, а помогнал и на споругата на Верушевски, која била засолнета во неговитот дом во Струмица од каде полицијата ја приведе и кај која бил најден исто така обемен материјал од следење на комуникации.

Министерството за внатрешни работи до јавното обвинителство поднесе пријави за шпиунажа поврзана со странски структури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top