Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе го посети штипскиот регион и ќе изврши увид во состојбите во реоните погодени од обилните врнежи.
Како што е најавено, премиерот Груевски ќе ја посети општината Штип каде ќе оствари средба со градоначалниците од погодените општини, по што ќе ги посети населените места Ново Село, Кежовица и месност во близина на Кежовица викана 4-ти
Инаку, во Штип во моментот заседава Кризниот штаб, во присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, директорите на сите водостопански претпријатија во источна Македонија, како и градоначалниците на 11 општини низ кои минува реката Брегалница.
Вработените од општината, заедно со жителите, а вклучена се и припадници на АРМ, прават насипи со вреќи покрај коритото на реката Брегалница и тоа од Ново Село до штипската населба „9 Ноември“.
Градоначалникот на Чешиново-Облешево Костадин Личков за МИА информира дека веќе по 50 куќи се поплавени во селата Чифлик, Облешево, Уларци, Чешиново од излевање на Злетовска река, реката Брегалница и од одводните канали.
Тој посочи дека во моментот градежна механизација го проширува речното корито на Злетовска река.
Елизабета Патарова директор на Клиничка болница-Штип информира дека имаат добиено насоки од локалниот кризен штаб бидејќи се очекува да се зголеми водостојот на реката Брегалница, да се евакуираат пациентит од физикална терапија-Кежовица, чиј објект е во близина на брегот на реката Брегалница. Досега, подвлече, се евакуирани 8 пациенти во штипската клиничка болница, а 12 пациенти заминале дома со помош од нивните семејства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Поплави во Норвешка: Повеќе од 100 лица спасени од водената стихија (видео)