| четврток, 6 декември 2018 |

Брегалница се излеа – им се заканува на Мантово и Калиманци (видео)

Во моментов заседава кризниот штаб во Штип, состанок на кој присуствува и министерот за транспорт и врски Миле Јанакисеки. Според информациите на provereno.mk од терен има опасност од излевање на браната Калиманци во текот на денот, Брегалница веќе се излеала и направила огромни штети во селата во општина Чешиново – Облешево. Излевање има и на Козјачка река во Карбинци.

Браната Мантово веќе го надминала својот капацитет и претставува сериозна закана за селата во Лакавичкиот регион. Голема опасност има и во Берово каде постои можност за поплавување на трефостаницата која го снабдува градот со струја. Екипи на сите државни институции се на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top