Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската унија испрати соопштение по поднесените кривични пријави за шпионажа и обид за уривање на уставниот порадок во земјата и бара почитување на правата на обвинетите.
Според МИА од Брисел, Маја Коцијанчич, портпарол на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, посочила дека Брисел е информиран од македонското МНР за детали во врска со обвиненијата, за кои вели дека се многу сериозни потсетувајќи притоа на неотуѓивото право за независна и транспарентна истрага, с0 целосно почитување на правата на обвинетите, вклучувајќи го и принципот на презумпција на невиност.
-Политичките партии треба да се воздржуваат од дејствија што уште повеќе ќе ја поткопа ситуација, стои во соопштението на дипломатската служба на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.