Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Софија ќе присуствува на погребот на поранешниот бугарски претседател Жељу Желев, кој почина во петокот.
Желев во 2010 година беше одликуван од претседателот Иванов со Орден „8 Септември“ за исклучителни заслуги за признавањето на независна и суверена Република Македонија од страна на Република Бугарија.
Во писмото со сочувство од претседателот Иванов испратено до бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, се наведува дека Желев бил докажан пријател на Република Македонија, но и негов личен пријател.
– Република Македонија никогаш нема да ја заборави неговата улога во процесот на меѓународното признавање под нејзиното уставно име. Ние остануваме благодарни за неговиот личен придонес во воспоставувањето, развојот и зацврстувањето на односите, меѓусебното почитување и разбирање меѓу нашите две држави и народи“, се вели во писмото.
По завршувањето на претседателската функција, Желев го предводеше Балканскиот политички клуб, во чија работа активно беше вклучен и претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани