Вистински арсенал на оружје е пронајден во возот Софија – Белград, објавува Курир. Оружјето било скриено во системот за греење на воз №292., а внатре полицајците откриле ни помалку ни повеќе туку 19 пиштоли и револвери. Тие биле од марката Екол, калибар 9 мм, четири револвери од иста марка и калибар, како и 500 куршуми.Оружјето и муницијата з биле пронајдени по анонимна дојава , а возот бил запрен и претресен на железничката станица во Ниш. Се претпоставува дека станува збор за шверц, кој што функционирал повеќе време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.