Вечерва пред натпреварот МЗТ Скопје и Партизан, околу 20 часот пред салата на МЗТ се случил инцицент. Се судриле навивачките групи на двата тима, за потоа да се случи „пресметка“ со полицијата.
Од полицијата велат дека околу 20 часот „бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу две групи на навивачи“. Од полицијата велат дека се работи на расчистување.
-Неколку лица се пожалиле на повреди, па се пренесени се во Ургентнот центар. Исто така неколку лица од двете групи се приведени- додаваат од СВР Скопје.
Неофицијално, при полициското расчистување на „пресметката“ се сведочи за два „топовски удари“. Сведоци за медиумите посочиле дека меѓу повредени има и припадници на полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


