Социјалистичката партија на Македонија ги осуди постапките на обвинитетите во акцијата „Пуч“. Генералниот секретар на партијата Љупчо Димовски посочи дека се неприфатливи активностите на шпионирање и насилство врз највисоките претставници на државните институции.
– Сведоци сме на брутален обид на насилно уривање на уставниот поредок на државата организиран од страна на опозицијата и нејзиниот лидер. За граѓаните на Република Македонија се неприфатливи активностите на шпионирање, насилснство врз највисоките претставници на државните институции и помагање во тоа, истакна Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


