| четврток, 6 декември 2018 |

Првата дама на Франција обвинета за проневера

Француската прва дама, Валери Тривелер, обвинета е за проневера, затоа што користи пари од даночните обврзници иако не е омажена за Франсоа Оланд.

Мултимилионерот Савиј Кемлин смета дека Тривелер не треба да ги искористува јавните фондови. Тој поднел кривична пријава во судот во градот Сент Етјен.

Кемлин наведува дека претседателската двојка не е венчана и не се во граѓанско партнерство и дека данокот не треба да заминува на сместување, храна и на патни трошоци, на жената кон која даночните обврзници немаат никаква законска обврска.

Британскиот “Дејли меил” пишува дека Тривелер иако социјалист, станала запаметена по раскошниот живот по влегувањето во претседателската палата. Таа не само што има пристап до официјалните резиденции, автомобили и авиони, туку има своја канцеларија и персонал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top