Согласно член 54 од Колективниот договор за основното образование во Република Македонија и член 51 од Колективниот договор за средното образование во Република Македонија на кој што седат потписите на СОНК упатува на тоа дека доколку не се протестира заради кршење и намалување на работничките права, туку се бараат повисоки права за наставниците, а во конкретниот случај според многумина се оценија како нереални- како што е зголемувањето на нивните плати за 25отсто итно и без одложување, подразбира обврска дека СОНК ќе треба да им исплати плати на оние наставници кои штрајкуваат.
Со ова се демантираат и се покажуваат за неточни тврдењата на самиот СОНК, дека државата е должна да си плати во случај на неработење и штрајк.
Колективниот договор јасно укажува дека „Работодавачот е должен да исплати плата за работниците за време на штрајкот за работниците кои учествувале на штрајкот во висна од основна плата на работникот, доколку синдикатот организирал штрајк заради кршење на правата на работниците утврдени со закон, колективен договор или акт на работодавецот. Работодавачот е должен да исплати придонеси за работницитеза време на штрајк за работниците кои учествувале на штрајкот, доколку синдикатот организирал штрајк заради зголемување на правата на работниците“
Во конкретниот случај, со оглед на тоа што СОНК не протестира заради кршење и намалување на работничките права, туку бара повисоки права за наставниците (некои од нив, нереални – како што е зголемувањето на нивните плати за 25% итно и без одложување), подразбира дека СОНК ќе треба да им исплати плати на оние наставници кои штрајкуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
СОНК најавува генерален штрајк во градинките доколку не се исполнат барањата на вработените – Царовска на потег!
-
СОНК бара решавање на состојбата со непродолжените договори на вработени во градинките
-
На вработени во градинки и училишта не им се продолжува договорот за работа – реагира СОНК
-
СОНК контра Царовска: Нема услови за двосменско работење на градинките