| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбата на Заев му експлодира во рака

Zoran-Zaev-5Шпионажа поврзана со странски структури и закана за промена на уставниот поредок се делата за кои МВР  поднесе кривични пријави до Зоран Заев и Зоран Верушевски.

Се работи за добро организирана мрежа при што кај Верушевски и неговата сопруга се пронајдени обемен материјал на следени комуникации, разговори на повеќе јавни личности и политичари, институции како и комуникации од класифицирана природа.

Главната комуникација помеѓу Заев и Верушевски се одвивала преку најблискиот соработник и човек од доверба на Заев и истовремено директор на јавното комунално претпријатие во Струмица, Бранко Палифров, кој исто така е осомничен за помагање на делото.

Истовремено, Палифров бил човекот кој обезбедил засолниште на сопругата на Верушевски, кај која е пронајден исто така обемен материјал од следење на комуникации.

Четири лица меѓу кои  лидерот на СДСМ, Заев, се осомничени во големата полициска акција „Пуч“, јави МВР. Според информациите од полицијата, првосомничен е екс директорот на ДБК, Зоран Верушевски кого полицијата го товари за шпионажа и помагање на насилство врз државни функционери.

Верушевски во периодот од 2012 до денес, според информациите на МВР, прибавувал тајни податоци поврзани со работењето на државните органи во Македонија во форма на документи, фотографии, имиња на лица и други податоци кои се однесуваат на општествено-политичките, економски, безбедносни состојби во земјава, со намера да ги соопшти и предаде на странска држава, организација или лице што им служи.

Покрај него осомничен е и лидерот на СДСМ Заев кој од септември остварувал средби со Груевски и му се заканувал со докази против него, барајќи техничка влада и избори. За возврат Заев велел дека нема да ги објавува тие т.н. „бомби“. Според полицијата, изворот му бил Верушевски. Применети се посебни истражни мерки,  а на 22 јануари извршен е и претрес кај Верушевски при што се најдени два пиштоли, четири компјутери и шест мобилни телефони.

 

Од анализата на содржината во компјутерите пронајдени се илјадници документи кои покажуваат дека се сторени делата.Меѓу доказите најдени се и снимки од разговори на лица од политиката и јавниот живот. Станува збор за обемна содржина од преку милион фајлови.

Покрај ова, одземен е и компјутер од „Стопанска банка“ каде работела сопругата на Верушевски.

Покрај Верушевски и Заев осомничен е и вработен во општина Струмица. Денеска е извршен и претрес на неговото работно место при што се одземени четири компјутери, а претресот сѐ уште е во тек.

Целата група ќе одговара за насилство кон државни органи, загрозување на уставени поредок и демократски институции, дело кое прв пат се открива во Македонија.

Според информациите на полицијата, за делото поврано со детстката порнографија ќе одговара Горан, помалиот син на Зоран Верушевски, кој не е достапен за органите на прогонот и за чие приведување ќе биде ангажиран и Интерпол.

Сето ова доаѓа откако претходно неколку дена беше уапсен екс разузнавачот Зоран Верушевски, при што во објаснувањето на МВР покрај наведените дела за недозволено поседување на оружје и детска пронографија, стои дека е сторител на други тешки кривични дела по што станува јасно дека денешната акција е резултат на тоа што претходно МВР го посочи и соопшти.

Комуникацијата и материјалите кои се откриени, односно комуникациите кој се од класифицирана природа, комуникации помеѓу јавни личности политичари и институции е веројатно бомбата на Заев која ја најавуваше подолг период. Очигледно е дека бомбата на Заев му експлодира во раце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top