Во библиотеката на московскиот Институт за општествени науки синоќа избувна голем пожар, кој многубројните пожарникари успеаа да го локализираат.
Во библиотеката, во која се наоѓаат повеќе од 14 милиони книги, меѓу кои и многу вредни примероци, од огнот беа зафатени околу 2.000 квадратни метри. Меѓу делата има и ретки текстови на древен словенски јазик, како и документи од Лигата на нации, УНЕСКО, и парламентарните извештаи од земји, вклучувајќи ги САД кои датираат од 1789. Засега не се знае колкава е штетата, но се очекува дека е голема бидејќи во пожарот кој започнал на третиот кат се урна покривот на библиотеката.
Според руските медиуми, во пожарот има и повредени лица, но засега без официјална потврда за тоа.
Во гаснењето на пожарот во библиотеката, основана во 1918 година учествуваат 150 пожарникари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.