Шестмина полицајци се повредени на синоќешниот протест во Виена на левичарите против „Балот на академици“, на кој учествуваат десничарски студетски организации и политичари.
Австриската полиција соопшти дека по повод „Балот на академици“ биле пријавени 23 протести, од кои 10 биле забранети врз основа на законот за право на собирање.
Околу 5.000 лица маршираа, главно мирно, низ центарот на градот во рамки на одобрените протести, пренесува Танјуг.
Припадниците на левицата, иако главниот протест им беше забранет, со собраа во градот за да демонстрираат против овој бал и десницата. Тие со блокади се обидуваа да ги спречат гостите на балот да дојдат до палатата Хофбург, каде се одржа балот.
Првите демонстрации минаа мирно, но за време на ноќта дојде до судири со полицијата. Според полициското соопштение, биле фрлани пиротехнички средства. Сепак полицијата додава дека ниту еден гостин на оваа манифестација не е повреден, дополнувајќи дека влегувањето на гостите на балот било обезбедено. Но во одделни делови на центарот на Виена учесниците на протестот ги блокираа улиците кои водат до палата, а имало и вандалско однесување.
Полицијата уапси 54 лица и поднесе околу 150 пријави поради кршење на законот. На повеќе места демонстрантите се обиделе да ги пробијат поставените блокади, а според полицијата, ги дупеле гумите на паркираните возила. Запленети се 58 забранети предмети – оружје, пиротехнички средства, ножеви и наркотици. Во соопштението од полицијата се наведува дека биле повредени шест полицајци кои биле на должност.
„Балот на академици“ го обезбедуваа околу 2.500 полицајци. Станува збор за традиционална манифестација на која присуствуваат десничари, припадници на австриските студентски здруженија, кои се со екстремно десна ориентација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија