Градските власти на Бостон го казнија американскиот државен секретар Џон Кери со 50 долари за неисчистен снег пред неговиот дом, јави Асошиејтед прес.
Во вторник вечерта источното крајбрежје на САД беше погодено од снежно невреме, а во Бостон падна повеќе од половина метар снег.
Градските власти побараа од жителите на градот да ги исчистат пристапите пред своите живеалишта, во спротивно ќе заработат глоба.
Во тој период Кери беше во саудиска Арабија, а во САД се врати во среда, но заради службени работи се врати во Бостон во петок.
Портпаролот на Кери, Глен Џонсон, ги увери новинарите дека казната ќе биде платена, а веднаш по врачувањето на казната во четвртокот, снегот од тротоарот пред петкатната резиденција бил исчистен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


