Портпаролот на Европската комисија, Гркот Маргаритис Схинас, не ја видел брошурата што ја подготвува прес-службата на неформалната Влада на Европската унија на чие чело се наоѓа тој, а во која за македонскиот министер за здравство Никола Тодоров, се наведува дека е „министер од Македонија”.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, дека има нешто чудно во употребата на терминот Македонија од страна на Еврокомисијата, посочува и написот во европскиот магазин „ЕУ-Њуз”, каде во текст со наслов „Не ФИРОМ, туку Македонија – Комисијата се лизга за името на државата”, италијанскиот новинар Емануеле Бонини го коментира овој потег на неформалната европска Влада и посочува дека се работи за можна промена на односите на Брисел кон Скопје и Атина.
– Не сум ја видел брошурата што ја споменувате, но ќе ве потсетам дека официјална позиција на Европската комисија е дека го користиме името поранешна југословенска република Македонија, истакна портпаролот на ЕК, Схинас, одговарајќи на прашање на дописникот на МИА од Брисел на денешната прес-конференција во зградата „Берлемонт”.
Сепак, во изјава за МИА, новинарот Бонини се сомнева дека се работи за случајна грешка, посебно што вели дека е ова првпат официјален Брисел во документ да употреби Македонија за нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст