| четврток, 6 декември 2018 |

Личност на (не)делата: Кра­ли­ца­та не мо­же да че­ка

Аде­ли­на Та­хи­ри

Ро­де­на: 3.4.1992 го­ди­на, Скоп­је

Про­фе­си­ја: пе­јач­ка

Обра­зо­ва­ние: сред­но му­зич­ко

По­ло­ви­на час по­ра­но за си­те да се со­бе­рат – до­сет­ли­во од стра­на на Аде­ли­на Та­хи­ри и на неј­зи­ни­от тим. Смис­ли­ле да им ка­жат на но­ви­на­ри­те 11 ча­сот ме­сто 11.30 за до 11.30 да се со­бе­рат си­те. Па зар го­ле­ма­та ѕвез­да мо­же да ги че­ка го­сти­те?! Тие ќе ја че­ка­ат неа.  Глав­ни­те до­а­ѓа­ат на крај. Ду­ри и не­ве­ста­та ги че­ка сво­и­те го­сти на свад­ба, ама ете Аде­лин­ка ре­ши де­ка таа е кра­ли­ца­та што до­а­ѓа на крај.

Но­ви­на­ри­те при­стиг­наа, пер­со­на­лот на хо­те­лот оста­на збу­нет… Ра­но при­стиг­на­ле… И до­де­ка тие се­дат и че­ка­ат пе­јач­ка­та да поч­не со про­мо­ци­ја, ни­кој не до­а­ѓа да ги из­ве­сти што се слу­чу­ва. Неј­зи­ни­от ор­га­ни­за­тор ка­ко за­гу­бен во про­стор и во вре­ме. По­ми­ну­ва и лу­ди­от по­ло­ви­на час за при­ем на го­сти­те. Но глав­на­та актер­ка ја не­ма. Ма не­ка че­ка­ат, има и ко­го да че­ка­ат, та­ква ѕвез­да не се ра­ѓа се­кој ден., Ра­ка на ср­це, де­вој­че­то изг­ле­да фи­но, пее фи­но, ама… Ро­би Ви­ли­јамс да дој­де­ше, па не­ма­ше да оста­ви тер­мин за при­ем (чи­тај дре­ме­ње во са­ла за кон­фе­рен­ции).

Па ова скоп­ја­ни­ве да не­ма­ат осет. Зар не зна­ат де­ка ѕвез­да­та е во авто­мо­бил и се упа­ту­ва кон ме­сто­то на на­ста­нот?! Да се по­трг­неа да стиг­не на вре­ме?! Аде­ли­на е из­не­на­де­на, ни­ко­гаш не­ма­ло ме­теж во Скоп­је. Ама Мар­фи си е Мар­фи, па ток­му тој ден ко­га ре­ши да пра­ви про­мо­ци­ја, се на­пра­ви та­ков ме­теж низ гра­дот, што не мо­же да стиг­не на­вре­ме. Да се пра­ве­ше ка­ла­ба­лак во Скоп­је се­кој ден, ба­рем де­вој­че­то ќе си зна­е­ше де­ка тре­ба по­ра­но да трг­не, ќе за­ка­же­ше фри­зер и шмин­кер по­ра­но… Ва­ка, ни ви­нов­на ни долж­на ги на­лу­ти но­ви­на­ри­те…

Сè поч­на отка­ко Аде­ли­на ис­пра­ти по­ка­ни до но­ви­на­ри­те за про­мо­ци­ја на сво­јот прв ал­бум. На по­ка­ни­те јас­но е на­пи­шан да­ту­мот, вре­ме­то и ме­сто­то ка­де ќе се про­мо­ви­ра но­са­чот на звук. Но­ви­на­ри­те, глав­но, при­стиг­ну­ва­ат на ме­сто­то на на­ста­нот, а пер­со­на­лот од хо­те­лот е из­не­на­ден – ним им е за­ка­жа­но за по­ло­ви­на час по­доц­на. На­ста­на­ла за­бу­на, па прет­став­ни­ци­те на сед­ма­та си­ла ре­ша­ва­ат да по­че­ка­ат по­ло­ви­на час, иа­ко де­не­ска не им е об­вр­ска са­мо про­мо­ци­ја­та на Аде­ли­на. Др­жат ка­ме­ри, фо­то­гра­фи, но неј­се, ај­де ќе се ор­га­ни­зи­ра­ат не­ка­ко. Но по­ми­ну­ва и тој по­ло­ви­на час, Аде­ли­на ја не­ма. Отка­ко 45 ми­ну­ти че­ка­ат, ре­ша­ва­ат де­ка е вре­ме да го на­пу­штат ме­сто­то.  Јав­ни­те лич­но­сти мо­ра да сфа­тат де­ка тре­ба да се по­чи­ту­ва вре­ме­то на но­ви­на­ри­те. Мо­же­би зву­чи са­мо­бен­ди­са­но, но да не се ме­ди­у­ми­те, 80 про­цен­ти од та­ка­на­ре­че­ни­те јав­ни лич­но­сти ни­кој не­ма да ги знае. На из­ле­гу­ва­ње ги срет­ну­ва­ат ко­ле­ги­те од ал­бан­ски­те ме­ди­у­ми – тие на неј­зи­на­та фан-стра­ни­ца на „Фејс­бук“ про­чи­та­ле де­ка на­ста­нот е по­ло­ви­на час по­доц­на од тоа што стои на офи­ци­јал­ни­те по­ка­ни . Се­ка­ко, неј­зи­ни­от ста­тус е са­мо на ал­бан­ски ја­зик, кој ви­дел – ви­дел, кој раз­брал…

Но­ви­на­ри­те што ја че­ка­ле 45 ми­ну­ти оста­ну­ва­ат на сво­е­то – бој­кот. За­ми­ну­ва­ат од хо­те­лот ка­де што тре­ба­ше да ја прос­ле­дат про­мо­ци­ја­та. По не­кол­ку ча­са се ог­ла­си ти­мот на Аде­ли­на. Из­ви­ну­ва­ње не­ма, са­мо жа­ле­ње за не­до­раз­би­ра­ње­то. Не де­ка из­ви­ну­ва­ње ќе про­ме­не­ше мно­гу, ама ете, ќе си ре­чеш ба­рем сфа­ти­ла де­ка згре­ши.

– Уште пред еден ме­сец, Аде­ли­на за­ед­но со ме­наџ­мен­тот на елит­ни­от хо­тел „Бу­ши ре­сорт и спа“ (Bushi Resort & Spa) ја за­ка­жа про­мо­ци­ја­та за 28.1.2015 го­ди­на, со по­че­ток во 11.30 ча­сот, но пред да ги пу­шти­ме по­ка­ни­те до ме­ди­у­ми­те, до­не­сов­ме од­лу­ка да на­пра­ви­ме при­е­мен дел од 30 ми­ну­ти со цел да се со­бе­рат си­те ме­ди­у­ми.Иста­та по­ка­на, на ма­ке­дон­ски и на ал­бан­ски ја­зик,бе­ше ис­пра­те­на до си­те ме­ди­у­ми, а Аде­ли­на Та­хи­ри за­доц­ни са­мо 15 ми­ну­ти по­ра­ди ме­теж во со­о­бра­ќа­јот – стои во об­јас­ну­ва­ње­то.

Па зар има проб­лем во тоа што тие ре­ши­ле да се мај­та­пат со но­ви­на­ри­те? Тоа што ме­ди­ум­ски­те ку­ќи си исп­ла­ни­ра­ле де­ка на­стан што поч­ну­ва во 11 ча­сот, ќе за­вр­ши нај­доц­на до 11:45 ми­ну­ти и ка­ме­ра­та мо­же да оди на след­ни­от на­стан, во­оп­што не е бит­но. Бит­на е ѕвез­да­та Та­хи­ри. Таа са­ка неа да ја че­ка­ат, не­ма што се­га таа не­ко­го да че­ка и да пре­че­ку­ва.

И во­ед­но, во об­јас­ну­ва­ње­то ти­мот на Аде­ли­на се оби­де да се пос­лу­жи со ла­ги и со ма­ни­пу­ла­ции. Ѝ се заб­ла­го­да­ри­ја на еки­па­та на, ка­ко што на­пи­шаа, по­пу­лар­ни­от дне­вен вес­ник „Вест“, ко­ја оста­на­ла да ја прос­ле­ди про­мо­ци­ја­тадо крај.

Но се ог­ла­си и но­ви­нар­ка­та на „Вест“ – Пе­јач­ка­та Аде­ли­на Та­хи­ри доц­не­ше 45 ми­ну­ти на сво­ја­та про­мо­ци­ја. По­ра­ди та­кво не­од­го­вор­но од­не­су­ва­ње, на иде­ја на еден ко­ле­га, јас ги по­ка­нив си­те ко­ле­ги да ја бој­ко­ти­ра­ме про­мо­ци­ја­та и да го на­пу­шти­ме хо­те­лот. Ко­ле­ги од Он ер ФМ Ма­ке­до­ни­ја (OnAir.FM Macedonia)гре­шка сте, Вест не оста­на на про­мо­ци­ја­та, не­ма зо­што да ни се заб­ла­го­да­ру­ва­те во по­ра­ка­та. Заб­ла­го­да­ре­те им се на тие што не беа со­ли­дар­ни и се вра­ти­ја, слуш­нав би­ле са­мо двере­дак­ции. Аде­ли­на не­ка на­у­чи да ни го по­чи­ту­ва вре­ме­то. Поз­драв.

И ка­ко ја­го­тка на шла­гот, ор­га­ни­за­то­рот на крај на образ­ло­же­ни­е­то се по­фа­ли де­ка тие што оста­на­ле би­ле по­че­сте­ни со ко­ктел… Не­ка им е на здрав­је!

 

Ре­че и:

Јас не да­вам ни­ка­кви ин­терв­јуа, мо­и­те ин­терв­јуа ги да­ва мо­ја­та мај­ка.

Мера­ду­ва што на топ­лес-фо­то­гра­фи­и­те бев мно­гу уба­ва, мно­гу си се до­пад­нав. Пре­теж­но та­му кај што сум без гла­ва.

Ма­жи­те за ме­не се сѐ уште не­де­фи­ни­ра­но су­штес­тво.

На­ју­ба­во ми е ко­га сум на пла­жа во тан­га!

Шо­у­то „Танц со ѕвез­ди­те“ е на­ме­сте­но и си­те ние пред­вре­ме зна­е­ме кој ќе би­де по­бед­ни­кот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top