Со црно капутче, црно здолниште и црни чизми – пристојно облечена жена во средни години стои покрај детска количка. Таа била фатена како краде додека мајката на детенцето кое е во количката избира парче детска облека. Жената била снимена со безбедносната камера на еден скопски трговски центар. Таа од ранчето закачено на количката успева да украде новчаник полн со пари и документи.
Целиот настан трае само неколку секунди. Мајката на социјалните мрежи ги предупредува сите оние кои во овие денови на попусти безгрижно пазарат со своите деца.
Се наведнав заедно со вработената да сменам број на фустанче. Личноста се упти кон мене, собирајќи фармерки со кои си ја крие раката, се доближува и за 2 секунди го отвора детскто ранче закачено на количката, го зема само новчаникот, ги остава фармерките и си оди. Сѐ на сѐ, со грб бев завртена десетина секунди – вели жртвата на оваа кражба.
Случајот веднаш бил пријавен во полиција, па сега оваа снимка од камерите во трговскиот центар ќе биде главен адут за нејзино пронаоѓање.
Од МВР ја потврдуваат инормацијата.
Бројот на вакви кражби како да држи своја константа. Од полицијата велат дека во изминатиов месец бројот на вакви дела не бил мал, но не се разликувал дрстично од просекот во целата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.