Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претседателот на Комисијата за надворешни работи, Виктор Габер, денеска оствари средба со Јулија Фини, амбасадорката на Австралија за Македонија.
Недостигот од минимум демократски капацитет на институциите, преклопувањето на државата и партијата, загрозената слобода на изразување, беа клучните теми на коишто се разговараше на средбата.
Претседателот Заев истакна дека големите проблеми со коишто се соочува државата, миграцијата на младите поради големата невработеност и назадувањето на земјата во евроатлантските интеграции се само некои од показателите дека Македонија во последните години скршна од вистинскиот пат.
СДСМ останува цврсто на ставот дека враќањето на демократијата и на слободата се основа за враќање на државата во нормален колосек и дека преку разговори за петте теми што ги предложи опозицијата е можен излез од политичката криза по нерегуларните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.