| четврток, 6 декември 2018 |

Казни за учесниците во кампањата „При излегување од автобус дајте го искористениот билет на тој што влегува“

bilet
Патниците што учествуваат во кампањата „При излегување од автобус дајте го искористениот билет на тој што влегува“ ќе бидат казнети од контролорите на ЈСП „Скопје“.

Јавното претпријатие соопшти дека Службата за контрола работи со засилени тимови, кои се овластени да го казнат и патникот што го дал и патникот што го прифатил билетот.

Организаторите на кампањата веќе се пријавени во Министерството за внатрешни работи.

Инаку, патникот кој се вози без билет во автобусите на ЈСП ќе биде казнет со 1.000 денари веднаш или 50 евра во прекршочна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top