| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепскиот карневал почна со изложба на маски

Prilep

Со преку 2000 рачно изработени маски од креативните раце на прилепските ученици, кои денеска беа поставени во рамките на изложбата “Прочка 2013”, всушност, започна годинашното, 13-то издание на Меѓународниот карневал “Прочка” во Прилеп.

Увертирата во главното тридневно карневалско случување, ја означи градоначалникот Марјан Ристески, кој, на најумешните ученици им врачи и пригодни награди.

Главното дефиле ќе се случи в недела на пладне за кога е најавено учество на близу 3000 домашни и странски краневалски групи, а во вечерите што претстојат во сите угостителски објекти ќе бидат организирани карневалски вечери со маскенбали.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top