| четврток, 6 декември 2018 |

Трка за вооружување: Пентагон вложува 534 милијарди долари во иновативнo оружјe

pentagonЗаменик-министерот за одбрана на САД, Роберт Ворк, ги повика сојузниците од НАТО да развиваат и да прават иновативно оружје нагласувајќи дека е потребна решителна акција за да се остане пред развојот на вооружување на Кина, Русија и на другите држави.

Ворк навел дека Пентагон има нов план „Иницијатива за иновации во одбраната“ како и план кој се однесува на долгорочни проекти кои треба да осигураат дека САД ќе продолжи да има компетитивна предност во однос на потенцијалните непријатели.

– Мораме да се координираме и да соработуваме, да избегнеме удвојување, да ја зголемуваме борбената готовност и да тежнееме кон иновации во технологијата, во концептите, во експериментирањето и во воените игри – рекол Ворк.

Грижата за развојот на вооружувањето на другите земји беше главна причина за Пентагон да изработи план со буџет од 534 милијарди долари за 2016 година, кој го надминува воениот буџет на американскиот Конгрес за 35 милијарди долари. Со ова ќе се прекине петогодишното намалување на буџетот на војската на САД, а претставниците на Пентагон својот план ќе го претстават пред Конгресот в понеделник.

Ворк не сакал да зборува за детали во врска со планот, но навел дека буџетот вклучува „значајни“ инвестиции во нуклеарното вооружување, системите за контола од вселената, напредни сензори, ракетна и сајбер одбрана, како и подводни возила без човечка посада, вадење руда во морето, оружје за брзи дејствија и напредни млазни мотори, силни ласери и електромагнетен топ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top