| четврток, 6 декември 2018 |

Европската комисија не oсловува како „Македонија“

eu

Европската комисија започна да ја ословува Република Македонија како „Македонија”, а не со привремената референца поранешна Југословенска Република Македонија, како што официјално не има признато Европската унија.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, случајно или не, во редовниот извештај за средби на еврокомесарите, денеска Еврокомисијата објави дека комесарот за здравство, Витенис Андриукаитис, во вторникот се сретнал со министерот за здравство на Македонија, Никола Тодоров.
-Господинот Витенис Андриукаитис го прими министерот за здравство на Македонија, господинот Никола Тодоров – наведува неформалната Влада на Европската унија во редовната брошура за средби и посети на еврокомесарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top