| четврток, 6 декември 2018 |

На снимањето на новиот филм на Скорсезе еден загинат, двајца повредени

49508540954ca74e1b3fa1788204085_orig

На снимањето на новиот филм на американскиот режисер Мартин Скорсезе „Тишина“ загинал еден работник, а двајца се повредени. Инцидентот се случил на еден ден пред почетокот на снимањето на филмот.

Како што пренесуваат американските медиуми, настрадале работниците кои работеле на зајакнувањето на старата куќа од цигли и дрво во Кинескиот центар на култура и филм, кога таванот се срушил на нив.

Еден од работниците загинал, а двајца добиле повреда на главата и на ногата.

– Режисерот беше шокиран и тажен поради смртта на работникот. Длабоко жали бидејќи се случи несреќата – изјави продуцентот на филмот Дејвид Ли, додавајќи дека снимањето ќе почен во петок, по планот.

Во филмот главната улога ја толкува Лијам Нисон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top