| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Законската регулатива за патните трошоци на пратениците е постара од 20 години

vmro

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение реагира на објави на неколку медиуми за напад кон неколку пратеници од пратеничката група на партијата.

– Потенцираме дека законската регулатива која се однесува на патните трошоци на пратениците е постара од 20 години и се однесувала на сите пратенички состави до сега. Дополнително, оваа регулатива се однесува на пратениците од сите пратенички групи без разлика дали се во мнозинство или во опозиција, се наведува во соопштението на партијата.

Од пертијата велат дека пренесувањето во јавност на информации за само неколку пратеници од само една партија и очигледното прикривање на податоците за пратениците од опозицијата е тенденциозно и необјективно.

– Собранието на Република Македонија денес имаше соопштение во кое детално ги образложи сите аспекти на оваа проблематика и сите превземани чекори до сега. ВМРО-ДПМНЕ се согласува со принципот на објективна дебата за секое прашање од јавен интерес, но никогаш нема да прифати тенденциозен и вулгарен напад кон било кого, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top