
Еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан, идниот месец ќе пристигне во Македонија три дена порано од планираното. Иако од Европската комисија официјално најавија посета на наследникот на Штефан Филе на Скопје на 19-ти и 20-ти февруари, Хан за првпат ќе ја посети нашата земја во рамки на својот нов мандат на 16-ти и 17-ти идниот месец.
Портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич ја потврди посетата на комесарот Хан, но за агендата при неговата дводневна посета на Македонија, не откри детали, што не сака да го стори ниту сега. Од канцеларијата на комесарот за преговори за проширување единствено потврдија дека Австриецот ќе се сретне со политичките лидери на земјата со цел да се запознае со оние со кои се уште не се сретнал, да дискутира за политичкиот развој, клучните приоритети и за продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


