| четврток, 6 декември 2018 |

Промоција на збирката вицови под наслов „Ѕидот на Паја“ на кавадарчанецот Златко Вузевски

unnamed

Во понеделник, на 2 февруари 2015, со почеток од 20 часот, во салата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, ќе се одржи голема промоција на збирката вицови под наслов „Ѕидот на Паја“ на авторот Златко Вузевски од Кавадарци.

Станува збор за збирка на вицови, дел запишани, а дел авторски на Вузевски и сите се запишани на кавадаречки дијалект. Во изработката на книгата учествуваат повеќе познати кавадаречки креативци, а меѓу нив и ликовни уметници со оригинални илустрации.

Инаку, Златко Вузевски Паја е познат со децении на кавадаречата урбана сцена, позитивец и еден од последните вистински урбани ликови Кавадарци. Соработник на кавадаречки рок музичари и бендови, долги години музички ги креираше вечерите во најпознатите кавадаречки клубови, а денес на фејсбук ја има најпопуларната група во Македонија посветена на хуморот – “Глупости 100% – Паја“, која брои над 25 илјади членови. Затоа “Ѕидот на Паја“ не е обична книга со вицови.

На промоцијата, за и околу книгата, на свој начин ќе проговорат и одсвират познати кавадаречки урбани ликови, медиумски креативци, музички и драмски уметници. Втори февруари во Кавадарци ќе биде во знакот на добриот хумор и музика. Промоцијата на “Ѕидот на Паја“ на свој начин ќе го одбележи месецот во Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top