| четврток, 6 декември 2018 |

Jаким ќари поени, децата загубиjа викенди

Ако не­кој се пра­шу­ва­ше зо­што гра­до­на­чал­ни­ци­те од опо­зи­ци­ја­та не да­доа оста­вки, иа­ко тоа го ба­раа и ба­ра­ат од сво­и­те пра­те­ни­ци, се­га ста­на јас­но... За да има­ат ка­де да си штрај­ку­ва­ат и при­ти­ска­ат. За ра­ко­водс­тво­то на во­деч­ка­та пар­ти­ја во овој блок, пак, не гри­же­те се - се од­мо­ри на сне­гот, кој ов­де, кој во Ита­ли­ја. Си­те тие ма­ки са­мо за да има­ат до­бар тен за сли­ка­ње на про­те­сти...

Да­ли и штрај­кот на СОНК е дел од бом­ба­та на За­ев? Ло­гич­но­то пра­ша­ње и не­ма­ше да би­де тол­ку ло­гич­но до­кол­ку т.н. штрајк не се ос­тва­ри во тол­ку „по­са­ку­ван“ и со­од­ве­тен тер­мин за не­ко­го и са­мо во оп­шти­ни­те што ги ра­ко­во­ди исти­от тој не­кој. Не де­ка ги има мно­гу, но ова ста­на до­бар по­ка­за­тел, кла­сич­на лак­му­со­ва хар­ти­ја, ко­ја ја опре­де­ли ки­се­ло­ста на ли­ца­та на обра­зов­ни­от ка­дар про­ду­ци­ра­на од иде­ја­та на нив­ни­от ли­дер и бли­ско­то ра­ко­водс­тво, кое, ба­рем на прв пог­лед, игра по не­чии но­ти, но, ба­рем, до­бро ги „фа­ќа“ че­ко­ри­те, ве­лат ше­го­биј­ци­те.

Од нај­а­ве­на­та бом­ба и та­ка, по мно­гу ме­се­ци, не­ма абер, а сѐ по­ве­ро­јат­но е де­ка цел­та бе­ше да се пре­ве­ни­ра пре­мис­лу­ва­ње­то на не­кој од 30-ина­та из­бра­ни пра­те­ни­ци. Уште е по­ве­ро­јат­но де­ка се ра­бо­ти за ед­на „комп­лекс­на“ експ­ло­зив­на на­пра­ва, скло­пе­на од ед­но хе­те­ро­ге­но те­ло соз­да­де­но до сту­ден­ти, хо­но­рар­ци, на­став­ни­ци, про­фе­со­ри, вос­пи­ту­вач­ки, вра­бо­те­ни во лаж­ни фа­бри­ки за ло­ши па­со­ши, сте­чај­ци. Спи­со­кот е долг.
Без разлика дали е акте­р во бом­ба­та или увер­ти­ра во соз­да­ва­ње­то не­га­тив­на ат­мо­сфе­ра за неа, но СОНК од пр­ви­от ден ја за­гу­би би­тка­та.

Во ме­ѓу­вре­ме, опо­зи­ци­ја­та ги иско­ри­сти си­те шан­си за се­бе­про­мо­ци­ја и за „приб­ли­жу­ва­ње“ до гла­са­чи­те. Во слу­ча­јот на СОНК, тоа ќе бе­ше мно­гу ед­но­став­но. Уки­ну­ва­ње­то на ек­стер­но­то ко­га ќе дој­де­ле на власт е са­мо лес­но ве­ту­ва­ње. Мо­жеа да да­дат уште ед­но со кое, де­фи­ни­тив­но, ќе ги „ќа­реа“ про­све­та­ри­те – де­ка ќе им го ос­тва­рат ос­нов­но­то ба­ра­ње и ќе им ги зго­ле­мат пла­ти­те! Проб­ле­мот се ја­ви кај па­ри­те. И да се ве­тат, ќе тре­ба да се ка­же од ка­де ќе се обез­бе­дат за оваа на­ме­на во др­жа­ва­та ка­са, а да не би­дат од ки­ри­ја или од на­ме­сте­ни тен­де­ри…

Во ме­ѓу­вре­ме, со фа­те­на­та „бо­ич­ка“ од мон­ден­ски­те ме­ста, до­бро од­мо­ре­но, ра­ко­водс­тво­то се фа­ти за ра­бо­та и се по­ја­ви на си­те про­те­сти да­вај­ќи им по­ли­тич­ка ни­шка на си­те и пра­веј­ќи им ло­ша ус­лу­га. Членс­тво­то, пак, ос­но­ва­но им се за­гри­жи за здрав­је­то – од­мо­ри, па­ту­ва­ња, сме­сту­ва­ња, са­у­ни, сне­го­ви и се­то тоа за­ед­но со пла­ни­ра­ња про­те­сти, штрај­ко­ви, ко­ор­ди­на­ции… Што е мно­гу – мно­гу е!

 

analiza125-3

Монк да ги истра­жи мо­ти­ви­те на СОНК

Иде­и­те на СОНК беа осу­де­ни на не­ус­пех уште од са­ми­от по­че­ток. Де­се­ти­ци де­но­ви пред штрај­кот, ако мо­же да се на­ре­че та­ка, но ге­не­ра­лен штрајк не е ни­ка­ко, членс­тво­то јас­но и јав­но се по­де­ли, при што и не­кои чле­но­ви, кои се та­му со де­це­нии, по­ба­раа пре­разг­ле­ду­ва­ње на ба­ра­ња­та и не­го­во од­ло­жу­ва­ње за на­е­сен. Но есен­та бе­ше прем­но­гу да­ле­ку за ра­ко­водс­тво­то на СОНК, или бе­ше за не­кој друг?

Ва­ка, иа­ко свес­ни де­ка се не­до­вол­но под­го­тве­ни и мал­ку на број, без по­треб­на­та ко­ор­ди­на­ци­ја и под­др­шка од членс­тво­то, ра­ко­водс­тво­то ма­хи­нал­но се втур­на во при­ка­ска­та, очиг­лед­но, во­де­но од не­кои мо­ти­ви, кои им се поз­на­ти са­мо ним. Па­ри­те се прем­но­гу за да се обез­бе­дат вед­наш, ек­стер­но­то ве­ќе е во по­гон, а изед­на­чу­ва­ње­то на на­став­ни­ци­те со про­фе­со­ри­те има мно­гу не­до­ста­то­ци во се­бе. Но, ко­га не­кој ве под­буц­ну­ва од стра­на и ве те­ра на не­што по­губ­но за вас, но не и за под­буц­ну­ва­чи­те, кои ќе до­би­јат но­ви по­е­ни за ар­гу­мен­та­ци­ја на „ти­ра­ни­ја­та, ре­жи­мот, ди­кта­ту­ра­та“ и на дру­ги­те се­којд­нев­ни ла­мен­та­ции со кои се­ри­оз­но го збо­га­ти­ја пар­ти­ски­от во­ка­бу­лар, ре­зул­та­ти­те се јас­ни. За жал, во исто­ри­ја­та Ма­ке­до­ни­ја че­сто би­ла све­док на из­бр­за­ни ре­ак­ции и ини­ци­ја­ти­ви, кои за­вр­ши­ле по­губ­но, ток­му по­ра­ди ин­тер­вен­ци­и­те и под­буц­ну­ва­ња­та од стра­на, но то­гаш, ба­рем, тоа би­ле на­ши­те со­сед­ни др­жа­ви, ко­до­ши, служ­би…

„Монк да ги истра­жи мо­ти­ви­те на СОНК“ – ова е еден од би­се­ри­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи, кои, се­пак, да­ва­ат до­бра иде­ја и на­со­ка за отво­ре­ни­от сом­неж што се по­ја­ви кај по­ве­ќе­то гра­ѓа­ни. А ток­му тие и ни­ви­те де­ца се ко­ла­те­рал­на ште­та на еден штрајк, кој од­да­ле­ку во се­бе ја откри­ва ре­а­та на по­ли­ти­ка­та.

Ро­ди­те­ли­те се збу­не­ти, уче­ни­ци­те уште по­ве­ќе, но СОНК твр­ди де­ка де­ца­та се згри­же­ни?! Ре­ал­но, ќе за­гу­бе­ле са­мо мал­ку ча­со­ви, кои по­тоа се знае ка­ко ќе се вра­тат – пре­ку на­ста­ва во са­бо­та. Којз­нае да­ли то­гаш ре­вол­ти­ра­ни­те де­ца и ро­ди­те­ли ќе од­го­во­рат со кон­тра­штрајк и ќе ја бој­ко­ти­ра­ат на­ста­ва­та на­мет­на­та не по нив­на ви­на, ту­ку од дел на лу­ѓе­то што тре­ба да ги обра­зу­ва­ат нив­ни­те че­да, а при­тоа и зе­ма­ат па­ри од нив… Де­ца­та ќе ги за­гу­бат са­бо­ти­те, но бит­но е ра­кводс­тво­то на Син­ди­ка­тот да ќа­ри по­е­ни кај членс­тво­то во „би­тка­та“ за нив­ни­те пра­ва. Или, ба­рем, та­ка мис­ли. Ре­зул­та­тот сле­ду­ва на есен­ски­те из­бо­ри. Нив­ни­те по­ли­тич­ки пу­ле­ни по­ве­ќе па­ти згре­ши­ја со ва­ква­та ма­те­ма­ти­ка…

 

analiza125-2

Ан­ти­ци­па­ци­ја на штрај­ков­ска ло­ка­ли­за­ци­ја

Од­ви­ва­ње­то на штрај­кот не из­не­на­ди ни­ко­го. Уште пред да поч­не, си­те зна­е­ја, или ба­рем прет­по­ста­ву­ваа ка­де ќе го зе­ме нај­го­ле­ми­от за­мав. Ка­ко што се оче­ку­ва­ше, та­ка и се слу­чи – ма­со­вен бе­ше са­мо во опо­зи­ци­ски­те оп­шти­ни. Сре­ќа за ро­ди­те­ли­те и за уче­ни­ци­те што опо­зи­ци­ја­та по­бе­ди са­мо во не­кол­ку оп­шти­ни, но и ви­стин­ска не­сре­ќа за СОНК, кој со тоа ја за­гу­би би­тка­та, но и до­вер­ба­та кај членс­тво­то. Се­пак, ка­ко и се­ко­гаш ко­га се гу­би, ви­но­вен е друг. Во ра­ко­ме­тот и, оп­што, во спор­тот, тоа е су­ди­ја­та, а во штрај­кот, пак, обо­ен со тол­ку по­ли­тич­ки приз­вук, тоа се­ко­гаш е вла­ста. Та­ка бе­ше и овој пат. Проб­ле­мот не бе­ше во ба­ра­ња­та и во не­ре­ал­но­ста за нив­на ре­а­ли­за­ци­ја, ни­ту во по­ли­тич­ка­та обо­е­ност на ини­ци­ја­ти­ва­та што тре­ба­ше да би­де гра­ѓан­ски апел на вра­бо­те­ни­те во овој оп­штес­твен се­ктор, ко­ја по­ве­ќе­то од­да­ле­ку ја про­зреа и осу­ди­ја. Проб­ле­мот не бе­ше ни­ту во не­бу­лоз­ни­от план да се оди на ра­бо­та, а да не се др­жи на­ста­ва, скро­ен во одре­де­на куј­на со пре­поз­нат­лив вкус и адре­са, а сѐ со цел ро­ди­те­ли­те да не се ири­ти­ра­ат прем­но­гу со кла­си­чен штрајк, за кој ќе тре­ба­ше да се има­ат ви­стин­ски и сил­ни ар­гу­мен­ти.

Ток­му за­тоа ма­сов­но­ста на штрај­кот са­мо во Стру­ми­ца и во Ку­ма­но­во, ка­ко и во Стру­га, ка­де што вла­дее ал­бан­ска­та опо­зи­ци­ја, не бе­ше ни­ка­кво из­не­на­ду­ва­ње. Проб­ле­мот бе­ше по­тфр­лу­ва­ње­то во нај­из­ви­ка­на­та „сло­бо­дар­ска“ оп­шти­на Цен­тар, ко­ја не ѝ се прик­лу­чи на штрај­ку­вач­ка­та трој­ка. Ре­ше­ни­е­то на проб­ле­мот ов­де, мо­же­би, ле­жи во по­тро­ше­ни­те 80.000 евра за лу­ксуз­на па­ра­лел­на прос­ла­ва за Но­ва го­ди­на, па­ри со кои мо­же­ше да се из­гра­ди гра­дин­ка, или да се ре­но­ви­ра­ат учи­ли­шта, гле­да­но се­ктор­ски, не­ли…

 

(Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 125. број на неделникот „Република“, 23.01.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top