| четврток, 6 декември 2018 |

Протест на еколозите на границата меѓу Србија и Црна Гора

Srbija-Crna Gora

На границата помеѓу Србија и Црна Гора, во местото Куманица под мотото „Пет до 12 за Лим“ се одржа протестен собир на еколозите од полимските општини, против најавената изградба на две хифроцентрали.

Стотици претставници на еколошки друштва и невладини организации од полимските општини денес протестираа.

Дадовме добар пример за погранична соработка меѓу граѓаните и невладините организации, кога е во прашање заштита на реката Лим. Се надевам на овој начин ќе ја заштитиме реката, од најавените градби на две брани во нејзиниот тек, низ општината Пријепоље и непосредно до границата на Црна Гора- изјави претседателот на НВО, Евромост од Бијело Поље, Алем Мекиќ,

Граѓаните изјавија дека ќе побараат помош од меѓународните еколошки и други институции за да ги сопрат активностите поврзани за изградба на браната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top