| четврток, 6 декември 2018 |

Генералот Котески на увид на борбената готовност на специјалните единици (фото)

arm7

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска и вчера беше во посета на касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево и припадниците на полкот за специјални операции (пСО) кои изведуваат обука во зимски услови на терените во Маврово.

arm6

Како што соопшти Генералштабот на АРМ, за време на посетата на гарнизонот Кичево, началникот изврши увид во борбената готовност на единиците во овој гарнизон, како и во нивната обученост и подготвеност за извршување задачи, а беа согледани и капацитетите, функционалноста и условите за живот и работа во касарната во Кичево.

arm5

Генералот Котески, како што се наведува, констатираше дека единиците на АРМ во гарнизонот Кичево работат во согласност со пропишаните правила и прописи, при што се обезбедени нормални услови за работа на припадниците на АРМ.

arm4

За време на престојот во гарнизонот Кичево, началникот на ГШ на АРМ го информираше клучниот персонал во гарнизонот, за актуелната состојба во АРМ, извршувањето на задачите и идните планови.

arm3arm2

Припадниците на полкот за специјални операции кои изведуваат обука во зимски услови во реонот на Маврово, денеска пред началникот Котески демонстрираа висок степен на обученост, кои покрај обуката во алпско и нордиско скијање, изведуваа и различни борбени постапки со скии и специјални возила за движење на снег, како и изработка на објекти за живот и престој на планина во зимски услови.

arm1

Генералот Котески истакна дека припадниците на полкот за специјални операции уште еднаш ја потврдија нивната врвна обученост и способност за извршување задачи во сложени временски и теренски услови, заради што ГШ на АРМ ќе продолжи со напорите за обезбедување услови за несметано изведување на обуката на единиците, како еден од врвните приоритети на АРМ. Во оваа пригода, како што стои во соопштението, началникот издаде насоки за понатамошно подобрување на обуката во зимски услови, но и во сложени временски и теренски услови предизвикани од временски непогоди, кои ќе ги применуваат сите единици на АРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top